• Што е иновација?

    Иновација произлегува од латинскиот збор innovates што значи „воведување на нешто ново“ или во преносно значење „воведување на нови нешта или промена на веќе воспоставени практики“. Во научните кругови, кога е создаден нов изум или е достигната нова напредна технологија, за нив зборуваме како за иновации.
    Нов подобрен производ или процес (или комбинација од двата) кој е значајно различен од претходниот производ или процес, а воедно е достапен за потенцијалните корисници (производ) или воведен во употреба од организацијата - единицата (процес).

  • Организациска иновација

    Организациската иновација се однесува на развој на нова организациска стратегија која на некој начин ќе ги промени бизнис практиките на компанијата, како и начинот на организирање на работниот простор и нејзиниот односот со надворешните акционери.
    Пример за организациска иновација:

    • Првите компании кои се адаптираа на четири дневна работна недела
    • Првите компании кои почнаа да ја ползуваат моќта на дигитализацијата и им дозволија на вработените да работат од дома (во зависност од улогата)
  • Иновација на процес

    Иновацијата на процес се однесува на имплементирање на нов или подобррен пристап кон производството или доставата, вклучително и промени во оперативните методи, техники и опрема или софтвер.
    Пример за иновација на процес:

    • Првите фирми кои воведоа софтверска услужна технологија, користејќи на пример софтвер за корисничка поддршка, го променија начинот на функционирање на кој беше организиран нивниот дотогашен процес за корисничка поддршка.
  • Иновација на производ

    Иновацијата на производ е воведување на нешто ново или подобрено. Овие новитети или промени може да имаат врска со подобрување на техничките спецификации, материјалите или софтверот што се користат, па дури и унапредувањето на корисничко искуство. Со подобрување или додавање на нова функција исто така може да се предизвика губење на други функции или намалување на рејтингот на некои други спецификации.
    Примери за иновации на производи:

    • Лего ги менуваше материјалите од своите познати „коцки“ со биоразградливи пластики на база на масло.
    • Првите електрични возила воведени на пазарот на автомобили беа исто така иновација, а новите батерии со подолг опсег што постојано излегуваат се исто така пример за иновација.
  • Иновации во маркетингот

    Маркетинг иновацијата значи развој на нова маркетинг стратегија која создава промени, на пример, во начинот на дизајнирање или пакување на производот, па дури и во други одлуки во врска со цената или промоцијата.
    Пример за иновација во маркетингот:

    • Пакување кое не загадува (повратно пакување). Потрошувачите имаат можност да купуваат паметно со фокус на производи и пакувања кои не загадуваат. Производите се доставуваат директно до потрошувачите во трајно пакување, кое потоа се враќа во системот за повторна употреба.